Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.

Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.

Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.

Текстот Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото е превземен од МАКФАКС.