Ѕвездата на ријалити шоуата Ким Кардашијан е најсреќна кога сите очи се вперени во неа. Откако го прослави својот 45-ти роденден и предизвика доста возбуда со своите провокативни фотографии на Инстаграм, сега им зададе тешкотија на фотографите.
Кога беше запрена на влезот од хотел во Рио де Жанеиро и и беше побарана изјава, ретко кој можеше да се концентрира и да ја погледне Ким директно во очи.
Кардашијан избра црвен лежерен фустан кој малку паѓа преку градите и открива премногу. Како и обично, Ким сè украси со детали, па имаше низа сребрени ѓердани околу вратот слични на популарните чокери, додека косата ѝ беше собрана назад и врзана во пунџа.
Нејзиниот фустан имаше гол грб, па затоа е многу дискутабилно колку деколте беше безбедно, со оглед на тоа дека сè зависеше од еден погрешен чекор. Ким не носеше градник под нејзиниот фустан што ги „отежнуваше“ работите за публиката.
Токму како што сакаше, Ким Кардашијан повторно го украде целото внимание.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Никој не може да ја погледне во очи: Ким Кардашијан со предизвикувачко деколте е превземен од МАКФАКС.























