Холивудската ѕвезда Бред Пит присуствуваше на забавата по премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лос Анџелес. Иако сакаше да остане незабележан и избра поинаква облека, не успеа.
Се чини дека неговиот избор на облека привлече уште поголемо внимание од папараците, а обожавателите беа изненадени од неговиот изглед, бидејќи – ова не е Бред Пит што го знаеме.
Тој дојде на забавата во друштво на својата девојка Инес де Рамон, и изгледаше сосема поинаку од вообичаеното. Неодамна ја промени фризурата и имиџот, и дали ова значи дека го променил и стајлингот? Се надеваме – не.
Лицето на Бред Пит изгледаше поинаку, а носеше зелен „сет“, па беше невозможно да не биде забележан, а интернетот беше преплавен со мешани реакции.
„Дали е ова навистина Бред Пит?“, „Што му се случи со лицето?“, „Претерал со ботокс“, „Се изгорел од сонце“, „Ова веќе не е неговиот изглед“, „Изгледа одлично, само е исончан. Мустаќите не му стојат како што треба“, гласат некои од коментарите.
фото: принтскрин
Текстот „Ова повеќе не е Бред Пит“: нови фотографии го запалија интернетот – тотално промашување е превземен од МАКФАКС.





















