Главната улица 21 во населеното место Расадник е целосно реконструирана. Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во активностите на терен, при што беше потврдено дека е обновена делница долга 450 метри и дека се обезбедени дополнителни паркинг места, со што е исполнето барањето на жителите од овој дел на општината.
Од Општина Бутел информираат дека наскоро ќе започне реконструкција и на улиците „Бутелска 2“, „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.
Локалната самоуправа наведува дека континуирано реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места и обезбедува пристојни услови за живот на граѓаните.
Текстот Реконструирана главната улица 21 во Расадник, обезбедени и нови паркинг места е превземен од МАКФАКС.























