Пациент скокнал од првиот кат во билницата „8-ми септември“ и не го преживеал падот. Со официјално соопштение се огласија и од самата болница.

-На ден 10.02.2021 година, пациент хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 ми Септември“ – Скопје (пациент А.Ц., роден 1950 год.), во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај преземените реанимациони постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор. По завршување на истите, јавноста ќе биде известена, се вели во соопштението.