Пациент скокнал од прозорцот на ГОБ „8-ми Септември“, каде што бил хоспитализиран. Тој скокнал од првиот кат, но не го преживеал падот. Според првичните информации пациентот бил хоспитализиран пред неколку дена. Од МВР и од болницата го потврдија трагичниот настан, но информации најавија подоцна во денот.