Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.

Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.

„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.