Aктерикаа Џулија Фокс успеа повторно да ја шокира јавноста, овој пат со својот избор на костим за Ноќта на вештерките. На забавата на нејзиниот пријател Хулио Торес во Њујорк, 35-годишната Фокс се појави облечена како поранешната прва дама Џеки Кенеди, во реплика на познатиот розов костим извалкан со крв од денот кога Џон Ф. Кенеди беше убиен во 1963 година.

Оригиналниот костим на Џеки Кенеди, кој го носеше во времето на убиството на нејзиниот сопруг, никогаш не е исчистен и се чува во Националниот архив на Соединетите Американски Држави од 1964 година, што му дава на овој чин на актерката дополнителен морбиден шмек.

@people #JuliaFox dressed as blood-soaked #JackieKennedy on the day of her husband President #JFK ♬ [News] Neutral news(1413858) – poco poco music

Откако списанието „Пипл“ објави видео од Џулија Фокс од црвениот тепих на социјалните мрежи, следеше лавина од негативни коментари од шокираната јавност. „Без здив сум. Толку несоодветно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Тоа е најодвратното нешто што некогаш сум го видел“.

Зборуваше и актерката Ивет Никол Браун. „Одвратно на ниво што мојот ум не може ни да го сфати. Ми паѓа на ум цитатот „некои луѓе толку многу сакаат да остават трага што не им е гајле дали е дамка“. Толку очајната желба за слава само продолжува да гарантира дека ќе бидете мразени засекогаш“, рече таа.

Џулија Фокс, патем, е позната по своите провокативни и честопати бизарни модни избори кои редовно привлекуваат медиумско внимание.

Текстот (Видео) Џулија Фокс предизвика лавина критики со морбиден костим инспириран од убиството на Кенеди е превземен од МАКФАКС.