Ако немате планови за Ноќта на вештерките и сакате вистински да се наежите, „ЛЕД бајбл“ предлага 10 филмови кои ќе ве држат будни до утрото.

10. Sinister

Научно е докажано дека е најстрашниот хорор досега. Следи писател кој се доселува во куќа каде претходното семејство е обесено. Старите снимки создаваат неподнослива атмосфера на страв.

9. 28 Days Later

По вирусна епидемија што го опустошува Лондон, група преживеани се бори со заразените и со човечката суровост. Филмот го направи „брзиот зомби“ нов хорорски стандард.

8. The Ring

Американската верзија на јапонскиот хорор ја следи новинарката што истражува видео касета која носи смрт седум дена по гледањето. Напнатост, студена атмосфера и визуелна вознемиреност на највисоко ниво.

7. The Conjuring

Филмот се базира на вистински случаи на натприродни појави и ни ја претставува озлогласената кукла Анабел.

6. Hereditary

Психолошки хорор за семејство кое по смртта на бабата се соочува со мрачни тајни и демонски култови. Завршницата е меѓу најпотресните во модерниот хорор.

5. The Substanceќ

Деми Мур игра ТВ ѕвезда што користи таинствена супстанца за враќање на младоста. Шокантен и визуелно вознемирувачки филм за опсесијата со совршенство.

4. The Babadook

Психолошки хорор за мајка и син прогонувани од мистериозно суштество кое излегува од детска книга. Симболика за траума, вина и психички распад.

3. The Shining

Класика на Стенли Кјубрик – писател и неговото семејство остануваат заробени во осамен хотел каде лудилото полека го обзема таткото. Една од најиконските хорор сцени во историјата.

2. Get Out

Дебитантски филм на Џордан Пил што комбинира хорор и општествена сатира. Афроамериканец открива мрачна тајна зад „совршеното“ семејство на својата девојка.

1.Midsommar

Група млади патуваат во Шведска на фестивал кој се претвора во кошмарен ритуал на култ. Флоренс Пју блеска во улога што ќе ве остави без здив.

Текстот (Видео) Десет најстрашни хорор филмови за Ноќта на вештерките е превземен од МАКФАКС.