Моделот Карли Клос (33) го доби своето трето дете со милијардерот Џошуа Кушнер пред еден месец, за што среќниот татко веднаш ги извести сите свои следбеници на социјалните мрежи.

Карли отсекогаш ги воодушевувала сите со својот изглед, но никој не очекувал дека само еден месец по породувањето, ќе успее да ја врати старата фигура и да ги воодушеви сите.

Сега Карли ги шармираше сите во Њујорк, во елегантна црна комбинација која ја истакнуваше нејзината витка фигура. Минувачите на улица беа воодушевени од нејзиниот изглед, а моделот уживаше во погледите и трпеливо позираше, додека тие ја чекаа на еден настан.

Црн фустан-сако беше нејзин избор и се покажа како совршен избор бидејќи нејзините долги нозе беа во преден план. Сè надополни со црни хулахопки и чевли, а имаше и ефектна златна огрлица околу вратот.

Ова е едно од нејзините први појавувања по породувањето, кое привлече уште поголемо внимание, па многумина со право се прашуваат која е тајната на совршениот изглед на оваа убавица.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Еден месец по породувањето – таа „убива“ со својата витка фигура: оваа жена има три деца е превземен од МАКФАКС.