Иако се уште не се пристигнати вакцините, сепак министерот за здравство Венко Филипче вели дека оперативниот план за вакцинација е подготвен и капацитетот ќе биде 880 лица на дневна основа.
-Вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите скопски поликлиники. Го направивме оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар. Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе работат од 8 до 20 часот, а останатите по една смена. Децата од претшколска и школска возраст ќе бидат заштитени и истите ќе се упатуваат во Поликлиниката Ѓорче Петров или во амбулантата во Карпош. Во останатите градови, вакцинацијата ќе се спроведува во вакциналните пунктови по примерот на имунизацијата за сезонски грип, вели Филипче.