Инспектори вршат увид во битолската болница по скандалот со гинекологот кој извршил царски рез на родилка, иако не бил вработен во болнивата. Откако ќе заврши увидот, Министерството за здравство ќе преземе мерки согласно наодите на инспекцијата.

Министерот за здравство Венко Филипче од пред неколку дена знаел за скандалот, но додаде дека ќе го чека официјалниот извештај за да даде став по ова прашање.

Не сум го слушнал доктор Чакаровски во врска со ова прашање. Ме информираше директорката дека има ваков случајот во текот на изминатата недела, а вчера ова беше во медиумите. Сепак јас ќе го чекам официјалниот извештај од надзорот, изјави министерот Филипче.