Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 22 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 30, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.