Се чини дека Емили Ратајковски имаше само успех оваа година. Откако дебитираше на модната ревија на Викторија Сикрет и ги рашири ангелските крилја за прв пат во кариерата, таа се појави и на насловната страница на списанието „Beyond Noise“.
Модниот едиторијал на списанието комбинира елементи на темното и сексипилното, а тоа најмногу се одразува на црно-белите фотографии.
Популарната манекенка позираше во крзнено палто, кое ја истакна нејзината завидна фигура, а на една од најзначајните фотографии, таа носи само ремен од Гучи, црни ракавици и црна долна облека, без панталони.
Треба да се напомене дека, покрај нејзината зачудувачка фигура и природна убавина, беше забележлив и нејзиниот специфичен поглед – поглед на заводничка што често го „носи“ кога шета по модната писта или позира за модни списанија.
Коментарите од обожавателите на Емили само продолжуваа да пристигнуваат, а многумина напишаа едно нешто – дека е прекрасна…
„Безвременска убавина. Ја сакам“, „Прекрасна си“, „Фотографиите се совршени, исто како тебе“, се само некои од коментарите.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Малкумина можат да ја воодушеват јавноста како Емили Ратајковски, нејзиното најново издание остава без зборови е превземен од МАКФАКС.























