Вчера во Полициската станица Драчево 22-годишен жител на село Батинци пријавил дека неговиот вујко, 42-годишниот Н.Д., исчезнал откако тргнал кон Австрија.

Според пријавата, мажот заминал на 21 октомври со намера да патува кон Република Австрија, но по заминувањето не бил достапен на телефон и не се јавувал на своите блиски.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и утврдување на сите околности поврзани со неговото исчезнување.

Текстот Исчезна 42-годишен маж на пат кон Австрија, недостапен е на телефонот, МВР истражува е превземен од МАКФАКС.