Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.

Текстот Oблачно време со повремени врнежи, температура до 19 степени е превземен од МАКФАКС.