Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Текстот Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба е превземен од МАКФАКС.