Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција.
„Во втор круг одиме и во Студеничани, каде што водиме во однос на независниот кандидат. Уште од првиот круг натпреварот е завршен — имаме наши градоначалници во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница“, изјави Адеми.
Тој додаде дека ДУИ е апсолутен победник во Врапчиште, но поради, како што рече, бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, не е обезбеден цензус.
Додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и Арачиново.
Според него, на национално ниво Националната алијанса за интеграција е апсолутен победник со над 20.000 гласови.
Прашан за поразот на Бујар Османи во Чаир, Адеми рече дека веќе се упатени честитки кон Изет Меџити и изборниот резултат го опиша како граѓанска волја.
Текстот Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница е превземен од МАКФАКС.