Невработен гинеколог породил жена со царски рез во битолската болница. Директорката на болницата за Сител потврди дека на 15 јануари до неа пристигнала пријава дека неовластено лице, поточно невработено лице во битолската болница присуствувало на операција во операционата сала во гинекологшко-акушерското одделение. Уште истиот ден започната е процедура која ги вклучува сите кои биле присутни на настанот во операционата сала.
За двајца од вработените како одговорни оператори во сала донесено е решение за времено отстранување од работа поради започната дисциплинска постапка со цел да не можат да ја попречуваат работата во постапката на дисциплинската Комисија.
Директорката на болницата дополни дека по завршувањето на постапката ќе бидат изречени соодветни мерки за казни на вработените.