ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието Талат Џафери ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на законот за попис.

Како што велат од опозициската партија неколку пати укажале дека има лош закон, штетен и нема да ја прикаже реалната состојба на жителите во Македонија.

Затоа, и преку собранието поднесоа  четириесетина  амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. Но, сите беа одбиени.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија.

Апелираат да прекине со постапката за попис бидејќи, како што велат, секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година.