Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Вкадата, но и на ресорот со кој раководи, порача вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Најави дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат. Како што вели тој ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега.

-Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информаците стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски.

Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.