Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, во својата предизборна кампања ветува дека ќе се реши проблемот со дивата депонија во центарот на Кичево.
„Најгорлив градски проблем е оваа дива депонија која се наоѓа во срцето на градот, која ги отру нашите деца и нашите сограѓани. Најскоро по доаѓањето на власт ќе пристапам по нејзино итно решавање“, вели тој.
Јовановски информира дека веќе е изготвена физибилити студија и најдено е решение за дислокација.