Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде „многу тешко“ за Соединетите држави да достигнат колективен имунитет до септември.
„Идејата дека ова може да се направи и можеме да добиеме статус имунитет многу пред крајот на ова лето е многу тешка“, изјави Бајден за Си-Би-Ес.
– Advertisement –
Имунитет на стадо значи дека голем дел од популацијата станува отпорен на болеста или преку заразување или со вакцинација. Тоа го намалува пренесувањето на вирусот, дури и кај оние од популацијата кои немаат развиено имунитет. Научниците велат дека имунитетот на стадо бара најмалку 75 проценти од населението да развијат заштита, иако во случај на високоинфективни болести како што се сипаниците оваа бројка скокнува на скоро 95 проценти.