Познатиот актер Џорџ Клуни призна дека користел дроги во минатото и детално раскажа едно особено срамно искуство. Во новото октомвриско/ноемвриско издание на списанието „Esquire“, 64-годишниот актер откри дека експериментирал со кокаин и други супстанции во младоста.

„Во ’82 година, пробав“, призна актерот, кој во тоа време имаше 21 година. „Се шегував за тоа како премногу земам, но вистината е дека тоа никогаш не ми беше голем проблем.“

Клуни, исто така, се присети на перцепцијата за дрогите во тоа време.

„Имаше една епизода од „Такси“ каде што сите користеа. Во тоа време, беше: ‘Не, ова не е како хероин. Не предизвикува зависност’. Но, потоа беше како: ‘О, па, всушност е доста лошо.’ Плус, беше надополнето со манитол. Детски лаксатив. Секој што ќе повлечеше линија, потоа одеше во тоалет.“

Освен за кокаинот, Клуни зборуваше и за лошо искуство со колачиња со марихуана што ги пробал една вечер со пријателите. Откако ги изеле колачињата, го гледале филмот „Волшебникот од Оз“, додека во позадина се слушал албумот „Dark Side Of The Moon“ на „Пинк Флојд“.

Последиците беа неочекувани. „Готови бевме. Буквално – мислам сите ние – бевме околу дваесетмина во салата за прикажување, и филмот заврши, а ние седевме таму без зборови, со часови. Со часови! Тоа едноставно не е мојата дрога“, заклучи тој.

фото: принтскрин

Текстот Познатиот актер призна дека користел дрога е превземен од МАКФАКС.