Дали се сеќавате на Ребека Лус? На почетокот на 2000-тите години, таа сакаше да биде модел, а потоа во 2004 година го шокираше светот на славните со тврдењето дека имала четиримесечна афера со женетиот Дејвид Бекам, за кого тогаш работела како лична асистентка.

Instagram

Ребека на новинарите им раскажа дека имала афера со Дејвид Бекам, им ги покажа непристојните пораки што наводно Бекам ѝ ги праќал, им раскажа детали од нивните наводни сексуални односи и постојано го прозиваше фудбалерот преку медиумите.

Славниот поранешен фудбалер и неговата сопруга, пејачката и модна дизајнерка Викторија, останаа заедно и успешно закрепнаа од скандалот, а 43-годишната Лос ги искористи своите пет минути слава, позираше гола за „Плејбој“ и стана ријалити sвезда. Учествуваше во реалните шоуа „Љубовен остров на славните“, а во „Фарма“ ја запрепасти јавноста кога „рачно задоволи“ прасе за потребите на шоуто.

Бекам остро ги демантираше обвинувањата на Ребека за неверството, таа поради сето тоа многу брзо остана без работа, но успешно им ја продаде својата приказна на медиумите.

Живот сменет за 360 степени

Контроверзната бринета денес ужива во мирен семеен живот во Норвешка, во брак е со доктор Свен Кристјар Скајаја, со кого ги има синовите Магнус (11) и Лиам (9), вегетаријанка е, обожава јога, течно зборува норвешки јазик, работи во центарот за тестирање за ковид-19 и има намера дополнително да се школува и да стане медицинска сестра затоа што, како што вели, сака да им помага на другите и да се чувствува корисно.

Instagram

Во интервјуто за британски „ОК!“ Ребека признала дека во текот на некои настапи во реалните шоуа се чувствувала како да била искористена поради гледаноста и репутацијата, но и покрај тоа што жали за своите постапки во минатото, Ребека истакнува дека не крие ништо од своето семејство, а со синовите искрено разговара за сè што правела пред да стане мајка.

Сопругот го запознала во реално шоу

Јас сум многу отворена. Моите момчиња знаат дека позирав гола за „Плејбој“, тие се свесни дека имам и своја палава страна! Секако дека се каам поради многу работи, носев многу лоши одлуки, им верував на луѓето на кои не требаше да им верувам… Порано излегував од дома во 21 часот и се враќав во 6 часот наутро. Сега сум во кревет до 21 часот и станувам во 6 часот! Тоа беше убава фаза во моите доцни дваесетти години, човек постојано се развива и се менува – рекла Ребека, кој сопругот Свен го запознала во 2008 година во реалното шоу „71 степен север“. Тој работел како лекар на снимањето, а тие се вљубиле откако таа била исфрлена од шоуто.

Instagram

Налетав на него на аеродромот, разговаравме и се појави „искра“ помеѓу нас, останатото е историја – се присетува Ребека, која се преселила во Норвешка кога останала бремена со првиот син.