Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија, вели кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Спортот прави чуда и создава историја. Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови. Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината. Спортот раѓа здрава младина и дисциплина. Дисциплината создава подобро општество. Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети“, рече Костовски.