Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што се случило во кај блиската плажа Трстено. Полициските сили ги контролираат сите приоди, а истрагата е во тек, објавува порталот Dan.co.me.

Според извештаите од теренот, полициска блокада е поставена на мостот Јаз и се протега сè до местото на злосторството, кое е оддалечено околу еден час пешачење. По наредба на вишиот државен обвинител, преминот е забранет за сите освен за службени лица, вклучително и за новинарски екипи. Полициските службеници ја проверуваат идентификацијата на сите возила пронајдени во близина на блокираното подрачје.

Безживотното тело на маж, кој сè уште не е идентификуван, е пронајдено во возило во близина на плажата Трстено. Според неофицијални информации, полицијата интензивно работи на утврдување на идентитетот на жртвата, а истражува и сомневање дека тој е висок член на една од криминалните групи, што ја отвора можноста дека станува збор за продолжение на конфликтот меѓу клановите, пишува Дан.

Иако деталите сè уште не се официјално потврдени, сè укажува на нова мафијашка пресметка, пишува црногорски Вијести.

Според информации од неколку извори блиски до истрагата, полицијата истражува дали ова убиство е продолжение на долгогодишен конфликт меѓу црногорските криминални кланови, објавува Вијести.

„Телото на еден маж е пронајдено во автомобил, а се верува дека бил член на една од криминалните групи. Извор близок до истрагата откри дека жртвата била застрелана низ шофершајбната на автомобилот. Ова е второ убиство поврзано со судирите меѓу клановите што го потресоа Котор во последниот месец и половина“, објавија медиумите.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа е превземен од МАКФАКС.