Кина испраќа разузнавачки податоци до Русија за Москва да може да врши попрецизни ракетни напади врз цели во Украина, изјави Олех Александров, функционер на Службата за надворешно разузнавање на Украина, за новинската агенција „Укринформ“.
– Постојат докази за соработка меѓу Русија и Кина на високо ниво во спроведувањето сателитско набљудување на украинската територија со цел идентификување и понатамошно истражување на стратешки цели за гаѓање – изјави Александров.
Зеленски во април изјави дека Кина ја снабдува Русија со оружје и барут. Тој исто така изјави дека неговата влада има разузнавачки информации дека Кина произведува оружје на руска територија.
Текстот Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач е превземен од МАКФАКС.