Една година по смртта на Ли Венлианг од ковид-19, жителите на кинескиот град Вухан велат дека се уште му се благодарни на „алармистичкиот“ лекар кој прв предупреди на избувнување на епидемијата на ковид 19, пред таа да биде официјално објавена.
Ли Венлианг (34), офталмолог во градската болница, стана една од најистакнатите личности во раните денови на епидемијата во Вухан кога се обиде да предупреди на непознат вирус, но од полицијата му замерија за „ширење гласини“ и неговата смрт како резултат на вирусто пред точно една година, ги растажи сите свои колеги и жители на овој град, кои се уште го сметаат Ли за херој, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.
– Тој прв ни раскажа за вирусот. Тој сигурно знаеше дека последиците ќе бидат огромни, но сепак го вклучи алармот. Тоа беше навистина храбро – изјави за агенцијата Ли Пан (24), сопственик на продавницата во Вухан.
Лекарот (34) почина од коронавирус на 7 февруари, предизвикувајќи јавна жалост и изливи на гнев на Интернет.
Неколку дена подоцна, истакнатиот епидемиолог Жонг Нангжан во интервју за Ројтерс го нарече „херој на Кина“.
Но, кога претседателот Си Џипинг им оддаде почит на „хероите од народната војна“ против вирусот во септември, тој не спомна за придонесот на Ли.
Иако луѓето на улиците во близина на болницата каде што работел Ли, велат дека животот во градот главно се вратил во нормала, тие го почитуваат Ли за неговите постапки.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.