Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.

Според порталот 192.рс, инцидентот започнал кога гостинка на свадбата, од причини кои засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.

Потоа реагирал младоженецот, обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набрзо се проширил и на другите гости.

Според снимката, во салата владеел целосен хаос, додека некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот е превземен од МАКФАКС.