Доколку сè уште се сомневавте која е најдобро облечената жена во Европа, таа сега ги реши сите наши дилеми.

Кралицата Летиција од Шпанија ја докажува својата моќ одново и одново преку модни изданија. Оваа жена е инспирација во секоја сезона, од летни фустани до совршени есенски комбинации.

Таа беше во посета на палатата Навара со своето семејство и за таа пригода избра бордо одело, со совршен крој и совршени есенски нијанси.

Комплетот на кралицата Летиција се состоеше од елегантни панталони со малку пошироки ногавици и долго, малку струкирано сако. Одоздола носеше едноставна црна маица, а сè го заокружи со модерни чевли.

Кралицата ја поздрави толпата и уживаше во времето поминато со своите најблиски, а целиот свет имаше можност повторно да види која е најдобро облечената жена во Европа.

Бордо бојата е секогаш хит, особено кога доаѓа есента, а Летиција е неоспорен владетел кога станува збор за избор на комбинации.

Всушност, дали постои област од модата каде што таа не е кралица во вистинската смисла на зборот?

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Есенската магија на најубавата кралица: повторно мами воздишки е превземен од МАКФАКС.