Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата инциденти што се регистрирани над воените бази во една недела, а поради кои исто така привремено беше затворен и аеродромот во Копенхаген.
Како одговор на зголемените закани, НАТО објави засилување на својата мисија во Балтичкото Море со испраќање фрегата за воздушна одбрана и дополнителни средства за следење и надзор.
That’s something you don’t see every day!
The world’s largest aircraft carrier,
USS Gerald R. Ford, sailing in the Oslofjord pic.twitter.com/nJ6xmpo6Xv — NATO (@NATO) September 28, 2025
НАТО објави фотографија од најголемиот носач на авиони во светот како плови во норвешки води на својот официјален Икс профил.
„Ова е нешто што не се гледа секој ден. Најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford, плови во Ослофјорд“, се вели во соопштението на НАТО.
Слични инциденти се регистрирани во Норвешка, каде што неидентификувани авиони се видени во близина на воени бази, а полицијата продолжува да истражува инциденти во воздухопловната база Орланд.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден е превземен од МАКФАКС.