Биљал Касами денеска на прес-конференција обвини дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговото семејство продале имот на Алта банка од Белград, која, според него, е директно поврзана со режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според Касами, оваа трансакција претставува најголемата политичко-финансиска афера во земјата, преку која Ахмети не само што ги изневерил Албанците со неисполнетото ветување за албанска банка, туку и го вовел „Српскиот свет“ во Македонија.

„Али Ахмети и неговото семејство продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.
Али Ахмети вети дека ќе формира албанска банка, а ни донесе српска банка.

Дојде време Албанците да дознаат какви луѓе ја водат ДУИ и какви луѓе ја водеа државата овие 20 години.
Дојде време да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и „Српски свет“.

Али Ахмети е лично одговорен за воведувањето на „Српскиот свет“ на Александар Вучиќ во Македонија.
Али Ахмети е лично одговорен за воведувањето на српските банки во Македонија.

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
денес пред вас претставуваме докази за најголемата политичко-финансиска афера што го поврзува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со режимот на Александар Вучиќ во Србија.

Компанијата „АС Сењак“ од Кичево, позната и по други скандали, која е во сопственост на пријател на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, поседувала илјадници акции во Стопанска банка – Битола.
Токму тие акции, сопственост на семејството Ахмети, се продадени на Алта банка од Белград, во сопственост на Давор Мачура – еден од најблиските соработници и директно поврзан со банката и режимот на Александар Вучиќ.

Оваа продажба се случила на 17.09.2025 година.
Само пред десет дена.

Додека ве лажат со патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициски партнери, тие од ДУИ продаваат богатство на банката на режимот на Александар Вучиќ.

Директна продажба на богатството од семејството на Али Ахмети на Алта банка од Белград.
Ова не е случајна деловна трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ.
Ова е финансиска врска која го врамува српскиот режим во македонскиот банкарски сектор.

Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ.

Денес можеме да кажеме:
Али Ахмети го внесе „Српскиот свет“ во Македонија преку бизнис и банки.
ДУИ дваесет години ги манипулира граѓаните зборувајќи за патриотизам, а зад завесата го продава капиталот на српските режими.

Со ова, Али Ахмети и неговите луѓе директно го загрозуваат финансискиот систем и ја прават државата зависна од Белград.
Албанците пак ги прават зависни од српскиот центар.

ВЛЕН јавно го обвинува Али Ахмети дека е финансиски партнер на Александар Вучиќ и дека ја користи својата политичка моќ за лични и семејни бизнис интереси.

Граѓаните треба да знаат дека ДУИ не е политичка партија што ги брани Албанците во Македонија.
ДУИ е приватна фирма на Али Ахмети која служи за перење пари, корупција и лично збогатување.

Овие денови Али Ахмети ќе зборува и ќе се оправдува дека не знаел и дека неговиот пријател и син не му кажале, дека тие се возрасни и самостојно водат бизнис.

Ја пренесуваме пораката дека имаме докази за целата врска.
Ја пренесуваме пораката да собере срам и да се повлече.

Али Ахмети, твоето семејство продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.
Али Ахмети и неговото семејство повеќе му веруваат на своето богатство во српски банки отколку во албански банки.

Али Ахмети, доказите ќе ги видат и јавноста и државните органи.
Ова е само мал дел од целата афера на Али Ахмети и неговата врска со сите антиалбански структури во регионот. Јавноста ќе го види сето тоа.

Времето на лагите заврши.“