Со доаѓањето на есента, деновите стануваат пократки, температурите се намалуваат, а времето сè почесто е променливо. Овие услови носат поголем ризик од настинки и вирусни инфекции, па затоа потребно е навремено да се зајакне имунитетот.
Лекарите потсетуваат дека здравиот имунолошки систем е клучен за справување со сезонските предизвици. Тие советуваат редовна и разновидна исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, кои се извор на витамини и антиоксиданси. Особено се препорачуваат намирници богати со витамин Ц, како цитрусното овошје, кивито и пиперките.
Физичката активност, дури и во поладните денови, исто така е од големо значење. Брзото пешачење, лесното трчање или вежбањето дома можат да помогнат во одржување на енергијата и подобрување на општата состојба на организмот.
Стручњаците дополнително советуваат доволно сон и намалување на стресот, бидејќи тие се меѓу најчестите фактори кои го ослабуваат имунитетот.
Есента може да биде убава и пријатна, доколку се грижиме за нашето здравје и превентивно го зајакнеме организмот за студените денови кои следуваат.
-
Вклучете повеќе овошје и зеленчук – јаболка, круши, киви, цитрусно овошје, моркови и тиква. Овие намирници се богати со витамини Ц и А, кои го зајакнуваат организмот.
-
Консумирајте намирници богати со цинк – ореви, семки од тиква, интегрални житарки и мешунки, бидејќи цинкот игра важна улога во одбраната од инфекции.
-
Додајте пробиотска храна – јогурт, кефир и кисела зелка, кои ја поддржуваат здравата цревна флора и го јакнат имунитетот.
-
Не заборавајте на топли супи и чорби, особено оние со зеленчук и домашна пилешка супа, кои се вистинска „вакцина“ од природата во студените денови.
-
Вклучете мед и ѓумбир во секојдневната исхрана, познати по своите антибактериски и антиинфламаторни својства.
Топли чаеви за есенски денови
-
Чај од ѓумбир и лимон – ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбранбената моќ на телото.
-
Чај од шипка – богат со витамин Ц, помага против замор и настинки.
-
Чај од камилица – го смирува телото, го намалува стресот и помага за подобар сон.
-
Чај од мајчина душица и нане – корисен за дишните патишта и во борба со кашлица.
-
Зелен чај – природен антиоксиданс, кој го зајакнува
Текстот Есента пристигна: време е да се зајакне имунитетот е превземен од МАКФАКС.