Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се обрати на денешното продолжение на сесијата на Генералното собрание на ОН, а пред говорот, стотици дипломати ја напуштија салата.

Кога Нетанјаху се качи на говорницата, неколку стотици дипломати од целиот свет, решија да испратат јасна и директна порака, пренесуваат медиумите.

Во исто време, израелските дипломати кои останаа во салата се обидоа со аплауз да го одвлечат вниманието на присутните во салата, како и на публиката која го следеше Генералното собрание преку ТВ екрани или преноси во живо преку веб-страницата на ОН.

Претседавачите на Генералното собрание на Обединетите нации се обидоа да воспостават ред и мир во салата, но тоа не беше можно.

На овој начин, бројни дипломати го искажаа своето мислење за израелската политика на Блискиот Исток и со заминувањето, јасно ставија до знаење дека не сакаат да го слушаат обраќањето на израелскиот премиер, според написите.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Скандал во Генералното собрание: стотици дипломати му го свртеа грбот на Нетанјаху, ја напуштија салата е превземен од МАКФАКС.