Во Струмица во сабота, 27 септември 2025 година ќе се одржи јубилејното 15. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица.
Со почеток во 19:30 часот најпрво ќе биде промовирана годинешната збирка „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети, меѓу кои гостите од Унгарија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Македонија, за потоа да продолжи во 21:30 во кафе бар „Нагоре“ со ретроспективна изложба на платаите од изминатите години и концерт на хип хоп составот „Пука козметика“
На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници.
Текстот 15 издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица е превземен од МАКФАКС.