Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Текстот Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал е превземен од МАКФАКС.