Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија ќе земе учество во меѓународниот театарски фестивал – Денови на комедија во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово. Бугарската трупа ќе се претстави пред публиката на фестивалот со комедијата „Постојанта сопруга“ на британскиот автор Сомерсет Моам, јавува Трибуна.
Режијата на претставата е дело на Бојка Велкова, драматург е Богдана Костуркова, костимите и сценографијата се дело на Нина Пашова, а музиката е на светски познатиот бугарски виртуоз со кавал Теодосиј Спасов.
„Постојаната сопруга“ е блескав пример за пикантна комедија на интригата, во чиј центар е неминовниот љубовен триаголник. Дејството се развива стремително, исполнето со неочекувани потези и уште поизненадувачки обрати, кои предизвикуваат вистинско изненадување и ведра смеа. Но зад сето тоа се крие загрижувачкото чувство на Сомерсет Моем, дека современиот човек, добро облечен, добро нахранет, што живее во луксузни домови, паѓа во клопката на сопствените илузии, во замката на својот егоизам, заради кој може да жртвува сè – љубов, спонтаност, искреност и дури морална суштина.