Потпретседателот на Либералната интернационала, Емил Кирјас, вели дека ако Европската унија не најде кризен механизам да реагира брзо на кризни ситуации, ќе се соочи со губење на кредибилитетот и пред своите граѓани, но и пред граѓаните на Западен Балкан.

Кирјас смета дека ЕУ не се сноаѓа добро со справувањето со ковид-кризата, но и со претходните кризи, како финансиската и бегалската криза.

„Мора да има кризен механизам каде Европската унија ќе може веднаш да се соочува со проблемите. Начинот на кој се поставува во моментот или начинот на кој ја третира Македонија, па и Косово во изминативе години е индикатор дека работите мора да менуваат“, изјавил Кирјас за емисијата „360 степени“.

Toj пред неколку дена на Фејсбук цинично напиша дека ЕУ треба да организира Самит и во следните шест месеци да усвои нова методологија за тоа како да се справи со Ковид-19.