Во Пенсилванија, полицијата го уапси Џејсон Сандерлин (21), кој е обвинет за тешки кривични дела, разбојништво, заговор и криминално однесување и дополнителни прекршоци, вклучувајќи терористички закани и вознемуривање, пишува „Сан“. Но, Џејсон дополнително ја заинтригира јавноста со својот изглед.
Тој навистина наликува на поп пејачот Хари Стајлс, а неговата фотографија од затворот создаде вирална забуна кај обожавателите на Стајлс.
Сандерлин на страната на челото има голема тетоважа со бројот 33, и така бил идентификуван на видео од грабеж. Тој украл 400 американски долари и четвртина кило марихуана и бил предаден од неговата долгогодишна девојка, пренесуваат странските медиуми.
Случајот потсетува на „секси затвореникот“ Џереми Викс, кој се прослави благодарение на неговата фотографија од затворот.
Поранешниот осуденик, создаде кариера на модел благодрение на неговите „врски“ и славни холивудски пријатели.
„Близнакот“на Хари Стајлс сега е во затвор и му е одредена кауција од 250.000 американски долари, но дали физичката сличност со пејачот ќе го прослави затвореникот од Пенсилванија?