Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека нема да даде коментар за неправосилната пресуда во предметот познат како „Онкологија“, бидејќи, како што наведуваат, основно правно начело е да не се коментираат судски одлуки кои не се правосилни, со цел да не се влијае врз понатамошната постапка и одлучување на повисок степен.

Во реакцијата, Здружението додава дека пресудата е донесена врз основа на признание на вина, но судството ќе ги почитува правните стандарди и нема да се впушта во понатамошни коментари.

Во однос на прашањето за платите, од Здружението нагласуваат дека и по зголемувањето од 78 проценти, платите на најголем број судии во основните судови изнесуваат околу 86.000 денари, а примањата на судските службеници се под просечната плата во државата.

„Ваквите плати на судиите и судските службеници се апсолутно најниски во регионот и пошироко,“ се наведува во реакцијата.

Текстот Здружението на судии: Нема да ја коментираме неправосилната пресуда за „Онкологија“ е превземен од МАКФАКС.