Здружението за култура, уметност и млади “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес, поддржани и од Министерство за култура и туризам по четврти пат го организира Фестивалот на Џез, World и Современа музика.
Програмата на фестивалот ќе биде распоредена во четири фестивалски денови од 25 до 28 септември и ќе се одвива во Театар Ј.Х.К. Џинот – Велес, на паркингот на театарот и на Спомен костурницата во Велес.
И ова четврто издание останува интернационално. Ќе настапуваат артисти од САД, Грција и се разбира Македонија.
„Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес“, велат организаторите.
Текстот Четврти Фестивал на Џез, World и Современа музика во Велес е превземен од МАКФАКС.