Младите борачи на Шкупи блескаа во Полска освојуваќи три златни медали и една бронза, јавува Ipon.mk.
Златните медали ги освоија: Јусуф Заими, Бамир Сејфулау и Ануар Џемаили, а Харун Мемеди бронзен.
„Во полуфиналето Харун Мемеди беше поразен од шампионот на Дагестан Сачид Омаров, по извонредна и многу силна борба, но успеа да го обезбеди медалот.
Нашите четири борачи направија одлични резултати кои означуваат важен чекор кон враќање на борењето во Скопје, како во старите времиња. Овие медали се награда за посветеност и напорна работа. Борачкиот клуб Шкупи ги гради шампионите на иднината и го крева името на а меѓународната арена “, велат од клубот.
На овој меѓународен турнир учествуваа борали од многу европски земји, вкупно 564 натпреварувачи.