Времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе искачи до 31 степен.

Од Управата за хидрометеорошки работи информираат дека за време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот, а потоа ќе настапи зголемување на облачноста.

Текстот Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер е превземен од МАКФАКС.