Осум лица се повредени во судир меѓу патничкиот брод „Камил Сајин“ и бродот за сув товар „Артвин“, за време на преминот низ Босфорот.
– Околу 20:30 часот, патнички брод и брод за сув товар со панамско знаме се судрија крај брегот на Салаџак, Ускудар. Како резултат на судирот, повредени се осум патници на патничкиот брод . По несреќата, бродовите вклучени во несреќата беа повлечени од преминот Босфор, а повредените граѓани беа префрлени во блиските болници – се вели во изјавата на гувернерот на Истанбул, која ја пренесува CNN Turk.
At least 8 injured as ferry collides with dry cargo ship in Bosphorus Strait in Istanbul, Turkey — CNN Türk pic.twitter.com/11nHtdfUvV
— Rapid Report (@RapidReport2025) September 19, 2025
Како што е соопштено, започната е истрага за инцидентот.
Товарниот брод беше одвлечен од екипи на крајбрежната стража до безбедна зона, каде што беше закотвен за проценка на штетата.
Текстот (Видео) Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени е превземен од МАКФАКС.