Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов промотивен пакет за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, наменет за резидентниот и за корпоративниот сегмент.
Триглав SOS пакетот покрива трошоци за тешки болести и за операции, коишто можат да се изведат во Република Македонија и во Република Словенија, а осигурителната премија за секој осигуреник е иста, без оглед на возраста. Овој пакет обезбедува финансиска заштита во најкритичните моменти во животот.
Триглав SOS пакет
SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение за здравствена заштита за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци. Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60-годишна возраст.
SOS пакетот обезбедува покритие за операции до 10 000 евра, со подлимит од 5 000 евра за тешки болести, којшто еднократно се исплаќа. Средствата од покритието за операции се исплаќаат директно кон здравствената установа, кога интервенцијата е однапред најавена во инфо-здравје центарот на Триглав, [email protected].
Доброволното приватно здравствено осигурување е стратешки проект на Триглав, во чијшто развој континуирано вложуваме. Состојбите на пазарот и можностите на клиентите се секако основа во развојот на новите производи. Овој пат се фокусиравме на непланираните здравствени предизвици, со коишто секој од нас може да се соочи и коишто ни носат не само сериозни здравствени проблеми, туку и потполно непланирани финансиски последици. Со новиот SOS пакет на нашите клиенти им нудиме поддршка во справувањето со ненадејни и сериозни здравствени предизвици и воедно им обезбедуваме финансиска сигурност. И овој пат имаме производ со премиум квалитет, прилагоден на потребите и на можностите на клиентите, којшто нуди заштита, сигурност и квалитет на живот, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г.Ѓорѓе Војновиќ.
Повеќе информации за новиот SOS пакет на Триглав можат да се добијат тука.
Комерцијален текст
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.