Американскиот претседател Џо Бајден и формално го запре планираното повлекување на американските војници од Германија.
Одлука што минатата година ја донесе неговиот претходник Доналд Трамп, но акцијата на повлекување не ни започна.
Бајден синоќа оцени дека повлекувањето на трупите ќе биде стопирано додека министерот за одбрана Лојд Остин, не обезбедел присуство на американските војници ширум планетата.