Парадата на познати ѕвезди во Лос Анџелес на 77-то доделување на наградите Еми донесе нови/стари модни трендови. Сепак, еден тренд во областа на фризурите ги засени сите други.
Залижаната опашка беше ѕвезда на вечерта. Според „Мари Клер“, иако беа забележливи и други трендови, како што се враќањето на разделената коса на страна и класичните црвени усни, опашката, сепак, беше апсолутен фаворит на вечерта кога станува збор за женските фризури.
Ѕвезди кои го избраа овој тип фризура
Пејачката и актерка Селена Гомез го претвори својот долг боб во совршено залижана опашка со малку свиткани краеви во препознатлив стил на Барби.
Сличен впечаток остави и Елизабет Бенкс, која избра екстремно долга и висока опашка украсена со платински прамени.
Покрај Селена и Елизабет, овој тренд го прифатија и Кристин Бел и Брит Лавер, докажувајќи дека високата опашка е непогрешлив избор за свечени пригоди.
Како да се постигне совршен изглед?
Клучот за постигнување на совршено собрана коњска опашка е да ја подготвите косата и да ги користите вистинските производи. Првиот чекор е да ја исушите со фен за да создадете мазна основа, а потоа да користите пегла за да додадете сјај.
Откако косата ќе биде стилизирана, се измазнува со производи за стилизирање – како гел или восок – за да се задржат прамените на место. Конечно, се запечатува со лак за коса за да се одржи изгледот во текот на целата вечер.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Доделувањето на наградите „Еми“ беше одбележано со една фризура: сега е вистински моден хит е превземен од МАКФАКС.