Црната чипка никогаш не излегува од мода, а Дакота Џонсон најде начин да ја комбинира со други парчиња облека и да го истакне целиот свој сексапил.

Актерката Дакота Џонсон присуствуваше на гала-вечерата на Фондацијата Керинг, која се бори против насилството врз жените и децата.

Самиот настан се викаше „Грижа за жените“, а многу дами од јавниот живот се јавија на поканата на организаторите да присуствуваат.

Една од нив беше Дакота, која се појави во секси комбинација. Носеше макси фустан од Гучи направен од црна чипка, а под него само долна облека.

Се чини дека актерката најде начин да го комбинира овој безвременски материјал со други парчиња облека и со тоа да го истакне целиот свој сексапил.

Својот стил го комплетираше со земјена шминка која ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето, едвај забележливи додатоци и висока пунџа.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Атрактивната бринета има добитна комбинација: само чипка и долна облека е превземен од МАКФАКС.