Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.

Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.

Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.

Текстот Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување е превземен од МАКФАКС.